вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 93
home Вести

Селмани: Во последните три години има застој во капиталните инвестиции економијата, тоа се надевм ќе заврши после 12 април

Селмани: Во последните три години има застој во капиталните инвестиции економијата, тоа се надевм ќе заврши после 12 април

Бизнисменот и поранешниот кандидат за претседател на државата, Имер Селмани, кој важи близок со актуелната власт, потенцира дека во последните две, три години има голем застој во реализацијата на капиталните инвестиции, за кои и не е голем оптимист дека до крајот на годината ќе се реализира се тоа што е испланирано.

– Ние сме свесни дека последните 2-3 години, можеби и последните четири години имаме сериозна стагнација во јавните инвестиции. Имаме низок процент на искористеност на биџетските средства во капитални инвестиции. И имаме рекорд на пари кои се чуваат во Народната Банка на Македонија. Ниту еднаш нашата држава немала над три милиарди евра девизни резерви.

Пред неколку дена прочитав дека денес ние имаме над три милиарди евра девизни резерви. Некој вели: Аха добро, сме биле богата држава. За мене тоа не е добро, рече Селмани. Тој ова го истакна во дебатна емисија на телевизја Клан Македонија, во која исто така упати и остри критики за високото ниво на девизните резерви кои се на историско највисоко ниво во Македонија. Селмани смета дека е лошо толку големо ниво на пари да се чува во банка место да се стави во оптек и да им служат на граѓаните и на фирмите.

– Кога парите се наоѓаат во банка, тоа значи дека парите не се во оптег кај бизнисот и кај луѓето. Што значи од оптег се повлечени и тие се наоѓаат во Централната Банка. А Централната Банка ги зема и ги депонира во швајцарските или германските банки, и сето тоа креира, да речам, “сиромаштија“ кај луѓето што не се наоѓаат пари во оптег за купување и за продажба. И тоа после ги плаши и инвеститорите, истакна Имер Селмани.

Селмани смета дека лицата кои се поставени да раководат со институциите сега уште помалку ќе работеле за реализација на зацртаните цели воглавно во реализирањето на капиталните инвестиции затоа што 99% од времето тие ќе го трошат на изборите кои ни претстојат.

– Јас посакувам да биде така како што се очекува. Да се инвестираат парите во капитални објекти, во патишта, во инфраструктура, во училишта, во се што е поврзано со трошење на буџетот. Но од досегашното искуство не креираме некоја голема сигурност дека и таму во наредните месеци се тоа ќе се реализира. Освен тоа и тие се луѓе кои се делегирани од политички партии и сега тие 99% од времето ќе се занимаваат со избори, а многу малку ќе се занимаваат со менаџирање на своите ресори и бизниси. Значи од искуство велам дека ќе има застој, застој кој се надевам дека ќе заврши на 12 април, рече Селмани.

Коронавирус