четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 123
home Вести

Селмани со критика кон владата: Време е и сегашните функционери да бидат под лупата

Селмани со критика кон владата: Време е и сегашните функционери да бидат под лупата

Имер Селмани во вчерашното гостување во „24 Отворено“ нагласи дека оваа власт треба да почне да ги гони и сегашните функционери кои ја злоупотребуваат својата функција.

-Мора да почне да врти бројчаникот, луѓето очекуваат бројчаникот да почне да врти. Нема вртење на бројчаникот има да кажеме смрзнати одредени пари на барање на финансиска полиција, обвинителството итн. Меѓутоа ефективни пресуди нема. Значи мора да почне бројчаникот да врти пари да ги врати украдените пари, посочи Имер Селмани,политичар при гостување на вчерашната емисија „24 Отворено“.

Тој образложи дека добар дел од граѓаните се убедени дека бивши функционери краделе.

-Меѓутоа за жал секој ден повеќе и повеќе добар дел од граѓаните продолжуваат сега да веруваат дека и сегашни функционери за жал злоупотребуваат функција. Значи во вториот момент правосудниот систем, системот за гонење на криминал, корупција, злоупотреба и така натака не треба да се фокусира само на бившите функционери од коишто чувме и се изначувме од преслушуваните материјали. Мора да системот функционира паралелно и за делата кои што се направени пред 5-6-7-10 години, меѓутоа и сегашните функционери треба да бидат под лупата не само на јавноста и на критиката, не само на тоа дека ако не е добар ќе биде отпуштен и дома, готово заврши приказната. Треба фокус на овозможување на генерирање на нов криминал од структурите кои што денеска управуваат со државните пари, со парите на граѓаните, со државните институции, рече Селмани.

Коронавирус