Советникот во градот Скопје и претседател на партијата РОМ која е дел од коалицијата „За Подобра Македонија“, Ерџан Селими на советничките прашања испрати критики до градот Скопје за поголема ангажираност во делот на справување и решавање на проблемите кои ги мачат жителите на Шуто Оризари.
Селими го отвори проблемот на граѓаните на Шуто Оризари со потребата од ова атмосферска канализација, како и довршување на улицата „Индира Ганди“ која беше започната минатата година, а сеуште не е завршена.
-Мора да обрнете повеќе внимание бидејќи ромите се загрозени, ромите заслужуваат достоинствен живот и механизацијата мора да се вклучи во Шуто Оризари и да почнат да се решаваат проблемите, за да ги почуствуваат и тие придобивките од урбаното живеење. Сепак општината е 5 километри од центарот на градот а живеат во катастрофални услови, рече Селими.
Во однос на проблемите кои ги имаат со изградбата на атмосферската канализација таа мора да се доврши исто како и улицата која беше започната уште од минатиот градоначалник.
Градоналникот Шилегов рече дека градбата на улицата е одолжена поради завршување на градежните работи со канализацината мрежа, и се надева дека ќе биде завршена во месец јуни. Истовремено напомена дека општината влегла во планот на Владата за изградба на водоводи, но дека тоа е нешто што зависи од самата Влада, без да презицира рокови за градба.