Од Владата до Собранието во најкус можен рок ќе бидат испратен сет од шест нови закони за управување со отпадот со кои целосно ќе се имплементираат принципите на циркуларна економија во утврдувањето со отпадот.
– Ќе се зајакнат обврските на производителите и на колективните произведувачи како и општините за да го обезбедат потребното селектирање на отпадот. Воведена е хиерархија во постапувањето со отпадот, утврдување на статус на секундарните суровини и укинување на статусот на отпад за производи кои можат да се рекористат, да се рециклираат и да се преработуваат со цел да не завршуваат на депониите – истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
Исто така, воведена е и финансиска одговорност за производителите на пакување, батерии и акумулатори за електричен и електронски отпад, како и сосема нови текови на отпад за искористените возила, потоа отпадните масла, отпадот од гума и оној од текстил.
– Предвидена е и забрана за пластични кеси, еколошки дизајн на пакувањата и можности за ослободување и стимулација на повратна амбалажа – рече Нуредини.