среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 20
home Вести

Села: Заев, Османи и Димитров да си дадат оставки

Села: Заев, Османи и Димитров да си дадат оставки

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиjадин Села, денеска побара оставки од премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, пренесе ИНА.

Тој рече дека бара оставка поради неуспехот на Македонија да почни преговори за членство во Европската унија.

„Денешната прес-конференција е свикана по следниот неуспех на ДУИ и СДСМ за членство во ЕУ. Повеќепати повикувавме земјата да влезе во ЕУ. Но, сега сме пред реалноста каде се соочивме со бугарското вето. Владата Заев-Ахмети не успеа по шести пат да почне преговори со ЕУ, а овој пат тие не успеаја во еден од најважните критериуми како што се добрососедството и регионалната соработка. Тие не успеаја заради измамничката политика на Заев и се соочија со бугарско вето. Заев не може да прави политика во која, каде потпишува договори, а не ги спроведува како што беше Договорот со Бугарија. Одговорните за ова што се случи имаат име и презиме, а тоа се премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров “, рече претседателот на АА, Зијадин Села.

Лидерот на АА нагласи дека решението на оваа состојба го гледа со формирање на широка Влада и заедно со локалните избори да се одржат и парламентарни избори.

„Договорот за пријателство со Бугарија не успеа. Заев, Османи и Димитров да си дадат оставки. Да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со локалните, додаде Села.

Коронавирус