четврток, 4. јуни 2020. Вести денес: 141
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Села за „Журнал“: Коалицијата АА-Беса-Алтернатива би освоила 14-15 пратеници

Села за „Журнал“: Коалицијата АА-Беса-Алтернатива би освоила 14-15 пратеници

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во интервју за Новинската агенција „Журнал“ кое ќе се објави утре, откри до каде се преговорите за реализирањето на коалицијата помеѓу партиите АА-Беса-Алтернатива.

Тој откри дел од програмата на Алијанцата на Албанците која ќе им ја понуди на граѓаните а со намера да ја добијат нивната доверба.

Села меѓу другото е убеден дека Алијанцата на Албанците ќе победи кај албанксиот блок на изборите на 12 април.

Според него, анкетите кои ги направила АА, а кои не се објавени, нивната партија е во предност со еден пратеник пред ДУИ.

-Реално ние како партија во споредба со ДУИ сме 1 пратеник пред нив, така кажуваат внатрешните анкети кои не ги објавуваме пред публиката, вели Села за Журнал.

Според него, ако успее да се направи коалицијата АА-БЕСА-Алтернатива, сите заедно би освоиле околу 14-15 пратеници.

-Со коалицијата меѓу АА-БЕСА-Алтернатива, верувам дека ќе освоиме најмалку 14 или 15 пратеници, потенцираше Села.

Најнови вести

Коронавирус