сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 121
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Вести

Села: Судирите на релација ДУИ-СДСМ се добро оркестрирани со цел придобивање на албанските гласови

Села: Судирите на релација ДУИ-СДСМ се добро оркестрирани со цел придобивање на албанските гласови

Судирите на релација ДУИ-СДСМ се добро оркестрирани со цел придобивање на албанските гласови, изјави Зијадин Села во интервју за весникот „Лајм“.

Села рече дека за среќа Албанците веќе се освестиле и на изборниот ден ќе гласаат за албанската опозиција. Како што вели тој, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, обвинувањата кон ДУИ ги упатил со цел да го задржат албанското гласачко тело кое во 2016-та година гласало за неговата партија.

-За жал не е добро кога коалициските партнери прават политички игри за да го привлечат електоратот. Овој добро-оркестриран судир од функционерите на овие две партии, за да  придобијат еден од друг, односно да придобијат албански гласови. Ова е жалното. Добро е оркестрирано. Потпретседателот на СДСМ, обвинувањата кон ДУИ ги упати само со цел да го задржи албанското гласачко тело кое во 2016 гласаше за СДСМ, односно не за СДСМ, туку против ДУИ. Од друга страна ДУИ секогаш се правеше факултативен патриот, рече Села.

Несогласувањата меѓу СДСМ и ДУИ излегоа на површина и во дебатниот магазин „Клик Плус“. Зекири го обвини градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети за уништено судство, во време кога тој бил министер за правда.

-11 години беа на власт и знаеме како ги поставија, ги слушнавте прислушуваните материјали. Мијалков со Муса Џафери и Блерим Беџети ги правеа списоците кој да биде судија-рече Зекири.

-Доста со оваа демагогија и клевети. Нека се договори со својот патрон, за да не го демантираат секој ден. Тој манипулира со јавноста, дури и неговата партија го демантира. Тој е сервилен-врати Беџети.

Инаку, ТВ21 испрати отворена покана за заедничка дебата меѓу Беџети и Зекири, но потпретседателот на СДСМ преку Фејсбук статус информираше дека не сака да учествува на дебата, бидејќи не сакал да легитимира ниски напади и дека неговото достоинство не му дозволува да се соочи со Беџети во јавна дебата.

Извор: ТВ21

Парламентарни избори 2020