четврток, 22. април 2021. Вести денес: 9
home Вести

Села се сомнева дека СДСМ и ДУИ се бореле за здравствениот ресор само од финансиски интерес

Села исто така изразува сомнежи дека со изградбата на новиот клинички центар за кој владата беше категорична дека не треба да се гради, можно е да станува збор за некој бизнис помеѓу владините партнери СДСМ и ДУИ.
Села се сомнева дека СДСМ и ДУИ се бореле за здравствениот ресор само од финансиски интерес

Ќе се гради нов клинички центар вреден 150 милиони евра, рече Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците, а воедно и довчерашен партнер во владината коалиција предводена од Зоран Заев, во вчерашното гостување во емисијата “Programi 200“ на Алсат-М телевизија.

Села исто така изразува сомнежи дека со изградбата на новиот клинички центар за кој владата беше категорична дека не треба да се гради, можно е да станува збор за некој бизнис помеѓу владините партнери СДСМ и ДУИ.

Со ова Села како да сака да каже дека најголемата преписка за изборот на новиот министер за здравство е токму изградбата на клиничкиот центар, околу кој можат да се поврзат разноразни бизниси помеѓу Заев и Ахмети.

Да потсетиме дека истиот овој проект за изградба на нов клинички центар, од претходната Влада беше потпишан дури и договор за почнување со градба, кој со целокупната документација ќе чинеше вкупно 72 милиони евра.

Почетокот со градежните активности за новиот клинички центар го блокираше Зоран Заев, за сега после седум месеци владеење да донесе одлука истиот тој проект да го реализира за двојно повеќе парични средства, односно за 150 милиони евра, од кои најверојатно ќе се офајдат владините партнери.

– Јас се надевам дека не е во прашање некој бизнис помеѓу СДСМ или ДУИ, да би имал факти јас имам морална обврска тие факти да ги изнесам во јавноста. Јас дадов знак и тоа така значи. Ако беше министерство кое воопшто не се проблематизираше, ако се знае дека најпроблематичното министерство кое го има не само Македонија, туку како сфера насекаде во светот е здравството, почнувајќи од САД па се до Македонија, автоматски се раѓаат апетитите на другите партнери на коалицијата. И јас знам дека првично, планот за изградба на новата клиника беше да не се реализира и сега кога се одлучи да се прави новата клиника, тогаш сомнежите се нормални да се појават и затоа станува поинтересно министерството во здравство, истакна Села на Алсат-М телевизија.

Довчерашниот владин коалиционен партнер, Зијадин Села, рече дека Заев и Ахмети не треба да се кријат позади фигурата на Арбен Таравари, туку да излезат пред јавноста и да ја кажат вистината за донесената одлука за изградба на новиот клинички центар.

– Не е добро премиерот и Ахмети да се кријат зад фигурата на Арбен Таравари. Арбен Таравари е толку голем човек каде има место да се кријат овие мали луѓе. Да излезат пред јавноста и да ја кажат вистината. Вистината е дека ќе се гради клинички центар, тоа е добро за здравството воопшто, ќе чини некаде околу 150 милиони евра, и затоа реков, се надевам дека после ова нема да биде овој приоритет туку здравјето, подобрувањето на условите низ болниците со цел граѓаните да имаат нормални услови, добри услови бидејќи сите ние сме потенцијални пациенти за да одиме во болница, рече тој.

 

Коронавирус