четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 60
home Вести

Села: Недела дена по трагедијата во Тетово, надлежните не објавуваат ниту број на починати, ниту имиња, нека прекинат со пиар агендата и нека дадат оставки

Села: Недела дена по трагедијата во Тетово, надлежните не  објавуваат ниту број на починати, ниту имиња, нека прекинат со пиар агендата и нека дадат оставки

Премиерот Зоран Заев треба да даде многу одговори, една недела по случајот со модуларната болница нема основни информации. Ако функционираше системот немаше да се случи тоа што се случи. Заев ниту дава одговори, ниту дава оставка, рече Зијадин Села, прв човек на Алијанса за Албанците на гостувањето на телевизија 24.

-Треба да прекинат со пиар агенди и да се прифатат тие оставки, за да нема ситуација опозицијата да зборува за игри. Граѓаните заслужуваат да знаат колку е точниот број загинати,нивни имиња, зошто ни се германски експерти за да ги знаеме имињата, вели Села.

Села се осврна и на притисоците кои што се прават врз лица што сведочат за случувањата во модуларната болница во Тетово.

-Надлежните треба да одговорат и што бараат лица кои се придружба на болните, треба да дадат одговори, а не да се вршат притисоци врз сведоци, посочи Села.

Според него наместо да се има објект за кој треба да се предвидат сите ситуации има сомнеж дека бил објект во кој многу работи се во прашање.

-Не смееме да бидеме жртви на волјата на власта да профитира од тендери. Ако ова се случуваше во време хипотетски министер за здравство да беше од Алијанса, немаше да биде веќе министер, рече Села.

Локални избори 2021