сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 26
home Вести

Села: Не е точно дека тројца пратеници од опозицијата дале поддршка на власта

Села: Не е точно дека тројца пратеници од опозицијата дале поддршка на власта

Зијадин Села останува претседател на Алијанса за Албанците, откако мнозинството во Централното собрание не ја прифати оставката што тој ја понуди.

На денешната седница од партијата се отстранети претседателите на ограноците од Тетово и Долнени, поради, како што изјави Села, нивната соработка со Беса, што ја најавиле уште пред изборите.

Ист така, според него, тир со нивните постапки и делување грубо го прекршиле партискиот статут.

Централното собрание на партијата на седницата работеше по шест точки, но по барање на лидерот беше ставена уште една точка која се однесуваше на неговата оставка. Со мнозинство гласови, оставката беше одбиена, со што на Села му продолжува мандатот како претседател.

Објаснувајќи ги причините за понудената оставка на челната позиција во партијата, Села рече дека тоа е морален чин по изборниот резултат, но одлуката е на највисокото раководството.

На новинарско прашање, кои се тие три пратеници, кои дале поддршка на владејачкото мнозинство, Села рече дека не е точно тоа што го кажува лидерот на СДСМ, Заев.

„Нема ниту теоретски можности тоа да се пратеници од нашата партија, а не верувам дека тоа се некои од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Села.

Коронавирус