недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 49
home Вести

Села хоспитализиран на кардиологија – позната неговата здравствена состојба

Села хоспитализиран на кардиологија – позната неговата здравствена состојба

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје поради силна болка во градите. Веста на Фејсбук ја потврди и портпаролот на Алијансата за Албанците, Флакрон Беџети.

– Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, г-дин Зиадин Села, имаше болки во градите што беа причина да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности.

Ви благодариме за интересот и грижата, напиша Беџети на Фејсбук.

Коронавирус