сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 57
home Вести

Села е за избори во август

Села е за избори во август

На прашањето: Кога според вас е најдобро да се одржат изборите, лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села одговори:

-Изборите треба да се одржат во време кога ќе има услови Меѓународната мисија за набљудување ОБСЕ-ОДИХР да биде присутна, во време кога опасноста од вирусот е помала, значи изборите треба да се одржат кон крајот на јули или почетокот на август, и во моментот кога ќе се создадат услови за секој граѓанин со право на глас, кој сака да дојде и да гласа, а тоа ја вклучува и дијаспората. И со други зборови, изборите треба да се одржат кога ќе се отворат границите, одговори Села.

Коронавирус