четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 122
home Вести

Села до Заев: Ти не заслужуваш поддршка за доверба!

Села вели дека Алијансата за Албанците нема да биде дел од, како што рече, политичките игри за да ја поддржи интерпелацијата на Владата.
Села до Заев: Ти не заслужуваш поддршка за доверба!

Алијансата за Албанците на гласањето за доверба на Владата ќе гласа „воздржано“, рече партискиот лидер Зијадин Села.

Според него, премиерот Зоран Заев не ја заслужува поддршката за доверба.

-Јас ја дадов поддршката кога беше избран за премиер, денес не ја заслужуваш поддршката за доверба, рече Села.

Тој додаде дека во собраниската сала имало луѓе што живееле со логиката – умре царот, да живее царот – обраќајќи му се на Заев со зборовите: „Ова го велам со жалење, еден режим се урна, а се раѓа друг“.

Села вели дека Алијансата за Албанците нема да биде дел од, како што рече, политичките игри за да ја поддржи интерпелацијата на Владата.

-Кога ја почнавте шарената револуција, отсуствуваше демократијата. Денес, ние со право кажуваме дека сè уште отсуствува демократијата. Изборите треба да донесат измени и кај Албанците. Двете политички партии прават сè за да ја поддржат албанската паритја која 16 години ги добива изборите, а нема легитимитет кај Албанците. Човекот што го поддржавте за градоначалник на Струга е дел од прислушуваните разговори. Ако не сте разбрале што е демократија, тоа е промена. Кога ќе дојде денот, ќе се открие вистината, рече Села.

Коронавирус