среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Села денеска ќе одлучува дали ќе остане во владината коалиција

Села денеска ќе одлучува дали ќе остане во владината коалиција

Централното Собрание на Алијансата за Албанците денеска во 11 часот, во просториите на ресторанот „Арена“ во Гостивар ќе одржи состанок на кој треба да одлучи дали ќе остане во владината коалиција.

Викендов премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Ноќно студио“ рече дека владата ги доставила предлозите за новите министри до Собранието и дека предлог за министер за здравство е Венко Фелипче а не Вулнет Ферати кој го предлагаше партијата на Зијадин Села.

Претходно Села, по состанокот со Заев во владата рече дека Алијансата за Албанците нема да се откаже од ресорот здравство.

Коронавирус