недела, 29. март 2020. Вести денес: 30
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Села: Да не се чепкаат платите на граѓаните

Села: Да не се чепкаат платите на граѓаните

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во емисијата „Клик Плус“ на 21 телевизија изјави дека тие како партија се против намалувањето на платите.

Тој истакна дека со оваа мерка која е предложена од СДСМ, се задира во џепот на грашаните кои и онака, со примањата кои ги имаат, не успеваат да ги покријат месечните трошоци.

– Не може од овие семејстав да бараш, да во наредните два месеци да живее со минимална плата. Преку оваа мерка се задираат најосетливите граѓани, кои тешко успеваат да му врзат крај со крај на месецот. Ние сметаме дека платите до 30 илјади денари воопшто не треба да се чепкаат, рече Села.

Како причина за што не смее да има ненамалување на платите, тој го потенцираше фактот што месечната потрошувачка кошница во Македонија е зголемена, таа не е намалена.