петок, 30. септември 2022. Вести денес: 146
home Вести

„Секој учествува на сопствена одговорност“- „Трансверзалец“ до крајот на неделава ќе се обратат пред јавноста

„Секој учествува на сопствена одговорност“- „Трансверзалец“ до крајот на неделава ќе се обратат пред јавноста

Планинарското друштво „Трансверзалец“ најавува прес конференција до крајот на неделава во врска со немилиот настан каде загинаа двајца млади луѓе, членови на друштвото, искачувајќи го Кајмакчалан.

„Трансверзалец“ ќе се обрати пред јавноста заедно со Планинарскиот сојуз на Македонија, а до тогаш не сакаат да ја коментираат трагедијата.

Во меѓу време јавноста бара одговорност за згаснувањето на два млади животи. Се побројни се коментарите дека луѓето не смеат да бидат пуштани на своја одговорност, а се бара и воведување на построги услови при организирање на планинарските тури.

Во информацијата околу акцијата на Кајмакчалан, на официјалната страница на ПД Трансверзалец е наведено дека секој учествува на своја одговорност.

Во неколку наврати е напоменато дека секој учесник сам е одговорен за несакани последици, доколку не ги почитува правилата и насоките од организаторите, како и тоа дека секој учествува на сопствена одговорност. Пракса на речиси сите планинарски друштва е истата напомена – дека организаторот не сноси никаква одговорност и секој учествува на свој ризик. Исто е и со планинските велосипедски трки и атлетски маратони.

Коронавирус