петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Секој ден на површина излегуваат информации кои упатуваат на вмешаност на власта во нелегални бизниси

Секој ден на површина излегуваат информации кои упатуваат на вмешаност на власта во нелегални бизниси

Секојдневно испливува на површина по едно делче од мозаикот на криминалната шема  нелегалниот бизнис со марихуана, кое упатува на вмешаност на власта. Кај лице блиско до семејството кое што беше уапсено во акцијата во соработка со ДЕА за дрога во вредност од  800 илјади евра, при претрес  беше пронајдена и документација за фабрики за производство на марихуана за што лиценци се знае дека добиваа само лица кои се блиски до Заев кој дури сакаше целосно да ја легализира марихуаната и како што велеше, да направи Амстердам од Скопје.

Но, наместо тоа од Македонија направи Колумбија, па акциите на ДЕА сѐ повеќе наликуваат на серијата Наркос од „Netflix“,  па дури и најозлогласените нарко-босови се опремени со македонски пасоши.

Во оваа насока реагираа од опозицијата и побараа одговори од власта за тоа дали комбето со грчки таблички во кое што беше најдена дрогата е во сопственост на фирма која соработува со една од фирмите на Заеви, но сѐ уште нема  одговор од другата страна, иако сите информации со оглед на тоа што беше уапсен и шоферот на првиот братучед на Зоран Заев, Трајче Заев упатуваат на тоа дека има таква поврзаност.

Немаше некакво конкретно објаснување и за тоа што барал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вечера во друштво со нарко-босовите од Грчец, кои требаше да бидат уапсени во акција слична на онаа што се случи во петокот, но поради тоа што истите имале дојава од МВР дека ќе бидат уапсени, избегале навреме.

Ова го потврди и обвинителката Вилма Рускоска која кажа дека акцијата била пробиена и некој од МВР им дојавил на дилерите дека треба да бидат уапсени.

Министерот Спасовски не даде никакво објаснување  и за тоа што вчера беше објавено дека е сликан во домашна опуштена атмосфера и со уапсена за аферата „Мафија“ за давање пасоши на светски нарко-босови и убијци и членови на ИСИС.

-Според билтенот на МВР уапсена за овој случај е жена вработена во службата за изработка на пасоши со иницијали Н.З. Токму ова лице во семејна атмосфера го гледаме со прво повиканиот во аферата „Мафија“ Оливер Спасовски што јасно се гледа од оваа фотографија. Значи само кога ќе гребнете по површината сомневањата недвосмислено одат до врвот на власта каде се Зоран Заев и Оливер Спасовски, рече на вчерашната прес-конференција, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

Коронавирус