среда, 5. август 2020. Вести денес: 135
home Вести

Секој ден бизнисмените јавно говорат за „рекет системот“ на Заеви

Секој ден бизнисмените јавно говорат за „рекет системот“ на Заеви

Секој изминат ден се повеќе бизнисмени се охрабруваат јавно да говорат за „рекет системот“ во коишто ги вплеткува фамилијата на Заеви. Исказите на сведоците и оштетените, како и информациите со коишто располагаат медиумите одат во насока на тоа дека криминалната група уценувала, злоупотребувала и користи секакви средства и начини за да изнудува во криминален чин милиони евра од бизнисмените за свои интереси.

Еден од нив беше познатиот бизнисмен Киро Тошевски, којшто на јавноста и е познат по тоа што го обвини братот на премиерот Зоран Заев – Вице Заев за обид за рекетирање за плац од 13.000 квадратни метри во близина на хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Тошевски минатиот месец велеше дека плацот кој бил ставен на продажба бил во интерес на Вице Заев за изградба на болница, па се обидел на различни начини да го добие во сопственост, затоа што не сакал да ја плати полната цена за плацот која изнесувала 4 милиони евра. Тошевски пријавил дека на неговата сметка легнале 1.8 милиони евра како позајмица, пари коишто не ги побарал од никого, тој дури го обвини Вице Заев дека телефонски со пцовки му се заканувал и дека за истото го известил и премиерот. Случајот заврши во Обвинителството за организиран криминал, каде Тошевски дал свој исказ, додека пак Вице Заев негираше дека воопшто го познава бизнисменот.

На почетокот на годинава бизнисменот Зоран Азманов обвини дека државните институции во спрега со Боки 13 го рекетирале и го местеле за да искреираат обвинителен акт против поранешниот градоначалник на Карпош. Тој го обвини Боки 13 дека со објавување на неговото име на тогаш постоечката 1ТВ дека бил мафија во градежништвото со цел да си прави реклама и гледаност на телевизијата, дека ако се провери во финасовата полиција оние фирми коишто плаќале огромни суми за рекламирање на 1ТВ ќе се воочи дека тоа се фирми чии газди се поврзани или основачи на други фирми коишто имаа проблеми со СЈО и на тој начин може да се поврзе од каде доаѓале приходите на таа телевизија. Азманов тврдеше дека институциите на државата треба да го гонат криминалот, наспроти тоа тие соработувале со 1ТВ му продавале документи и информации кои ги добивале по службена должност за подоцна тој медиум ги злоупотребува истите.

Деновиве е во тек постапката за случајот „Рекет“ по обелоденетите снимки за изнуден рекет од страна на бизнисменот Орце Камчев.

Тој деновиве истакна дека случајот за којшто тој е обвинител „Империја“ бил конструиран во август 2018 година од Боки 13. Камчев го одбил договорот којшто тогаш бил потпишан од синот на Катица Јанева за којшто му било побарано 4 милини евра за проект за пензионерски домови. Камчев платил 180.000 евра за реклама на 1ТВ, по што добил слика со обвинителката Јанева дека нешто големо се спремало против него. Камчев беше приведен и имаше понудено гаранција за домашен притвор, како и пуштени инспекции во сите негови фирми, како дополнителен притисок. Тој му понудил на Јовановски 250.000 евра,но Јовановски рекол дека таа сума не им одговара и дека специјалната обвинителка е нервозна, по што Камчев одлучил да му го исплати милионот.

За случајот „Рекет“ даде исказ и покојниот главен директор на „Т-Мобиле“ Жарко Луковски којшто воедно беше обвинет дека злоупотребил 3.5 милиони евра бесправно легализирајќи ги дивите базни станици, дело коешто го водеше обвинителката Лиле Стефанова којашто исто така го води и случајот „Империја“ на Орце Камчев. Името на Луковски исто така беше споменувано како еден од бизнисмените на коишто им бил изнудуван рекет.

Кој се е вклучен во оваа криминална мрежа и дали ќе се пронајдат вистинските виновници под чија палка се водел овој криминал останува да видиме во периодот кој следи.

Коронавирус