сабота, 3. јуни 2023. Вести денес: 0
home Вести

Секцијата на жени при ССМ бара да се расчисти случајот со полицајката

Секцијата на жени при ССМ бара да се расчисти случајот со полицајката

Секцијата на жени при Сојузот на синдикати на Македонија поддржува да се расчисти случајот со полицајката која беше нападната од висок функционер на ДУИ.

Претседателката на Секцијата на жени при ССМ, Елизабета Гелевска денеска  одговарајќи на новинарско прашање изјави дека ова треба да се направи за да се зачува достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја работата.

– Впрочем и Полицискиот синдикат кој  е членка во ССМ издаде своја наредба да се испита случајот со цел да се зачувуа достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја вршела својата работа, изјави Гелевска пред почетокот на Конференцијата за поддршка на кампањата  „Спречување на насилство врз жените и мажите во светот на трудот“.