четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 137
home Вести

„Сега граѓаните знаат дека Денарот на секој пензионер завршува за богатење на врхушката на власт“

„Сега граѓаните знаат дека Денарот на секој пензионер завршува за богатење на врхушката на власт“

СДСМ со лаги се обидува да ја покрие својата неспособност. Со секој поминат ден на власт тие ги зацрнуваат сите граѓани, пазарџиите, работниците, стопанствениците и пензионерите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие укинаа еден од условите за покачување на пензиите, растот на просечната плата. Со тоа јасно покажаа дека се неспособни не само да ги испорачаат дадените ветувања за пензионерите, туку и да водат воопшто правилни економски политики. Впрочем и самата министерка Царовска признава дека го укинуваат овој услов за покачување на платите заради нивната некадарност. Нека се договорат СДСМ и Царовска дали ќе има реално зголемување на пензиите или не. Таа денес најдобро ги демантира партиските креатори на соопштенија полни со лаги, стои во реакцијата и се додава:

„Пензионерите се уверија дека оваа влада има пари за набавки на лубриканти, за грантови на функционерските фирми, за плаќање на дроновите на партнерот на Царовска, за вработување на децата, мајките и сестрите на членовите на криминалниот картел на власт, само нема пари за нив. Сега граѓаните, вклучително и обичните членови на СДСМ знаат дека Денарот на секој пензионер завршува за богатење на врхушката на власт“.

Коронавирус