недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Седум пациенти со морбили на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип

Седум пациенти со морбили на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип

Седум лица со морбили се лекуваат во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев денеска рече дека еден пациент е хоспитализиран изутрината, а останатите шест пациенти во текот на минатата недела. Станува збор за шестчлено семејство, кое е заразено од морбили од Општина Карбинци и сите се на болничко лекување на Инфективното одделение.

-Знаете дека е прогласена епидемија на морбили од страна на Министерството за здравство. Шестчленото семејство е од Карбинци, а од утринава е примен нов пациент, кој не е во роднински врски со ова семејство и станува збор за нов случај. Состојбата на пациентите е стабилна, вели Ѓеорѓијев.

Тој додаде дека изминатиот месец имале тројца пациенти со морбили кои се лекувале болнички и еден се лекувал амбулантски. Од нив едно било дете, а останатите полнолетни пациенти. Вкупно 11 пациенти заразени со морбили се лекувале во Клиничка болница во Штип.