петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Седум македонски града го победија коронавирусот

Седум македонски града го победија коронавирусот

Според последниот ковид извештај на Институтот за јавно здравје, во земјата од направени 2.885 тестирања, се регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19 од Куманово – 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1

Регистрирани се 30 оздравени пациенти, додека пријавени се две починати лица: од Скопје (63г и 78г), двајцата се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 189, потоа Куманово со 53, Прилеп – 31, Тетово – 23…Кавадарци, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран немаат ниту еден активен случај.

Коронавирус