сабота, 8. август 2020. Вести денес: 21
home Вести

Седум деца и четири жени од Македонија се наоѓаат во сириските кампови

Седум деца и четири жени од Македонија се наоѓаат во сириските кампови

Откако ги повика нашите граѓани притворени во логорите на сириските бегалци и нивните семејства, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се фокусирани на изнаоѓање начин тие да се вратат во својата татковина.

Според податоците на МВР, во тие кампови моментално има 4 жени со своите 7 деца, граѓани на Македонија.

Заменик  министерот, Агим Нухиу, рече дека МВР, заедно со Агенцијата за национална безбедност, Министерството за надворешни работи и Министерството за труд и социјална политика, се координираат институционално за да им обезбедат на овие граѓани брз и сигурен поврат.

“Се соочуваме со нова реалност затоа што видовме деца и жени во кризни логори, без да бидат надгледувани од главите на семејството, и секако чувствувам потреба да ја зајакнеме координацијата во институциите на нашата земја со цел да расте уште повеќе духот на солидарноста и државната грижа за граѓаните кои се жртви и оставени без надзор во сириските бегалски кампови”.

ИЗВОР: АЛСАТ

Коронавирус