среда, 4. август 2021. Вести денес: 0
home Вести

Седници на три собраниски комисии, Законот за лична карта една од точките на дневен ред

Седници на три собраниски комисии, Законот за лична карта една од точките на дневен ред

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања и Законодавно – правната комисија.

Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во второ читање е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Комисијата за европски прашања на денешната седница ќе расправа по Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, во прво читање, како и за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, во второ читање.

На седницата на Законодавно-правната комисија, на агендата е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, по скратена постапка, во второ читање, предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за работните односи, на Законот за заштита и спасување и на Законот за трговија, сите во прво читање, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта.

Коронавирус