вторник, 21. март 2023. Вести денес: 39
home Вести

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите е Извештајот за извршениот надзор во Агенцијата за национална безбедност.

Законодавно-правната комисија и Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледаат предлог законите за изменување на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, како и на Законот за основање на државен универзитет „Гоце Делчев” во Штип, двата по скратена постапка во второ читање.

loading...