среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Вести

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат за предлог законите за изменување и дополнување на  Законот за концесиии и јавно приватно партнерство по скратена постапка во второ читање, на Законот за трговските друштва во прво читање, на Законот за јавни претпријатија во прво читање и на Законот за државен пазарен инспекторат исто така во прво читање.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, во прво читање.

Законодавно-правната комисија има повеќе точки на дневен ред со европско знаменце меѓу кои и Предлог законот за медитација, во второ читање. 

Локални избори 2021