петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска седници треба да одржат комисиите за здравсто, за европски прашања и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за здравство се предлог – измените на Законот за евиденциите во областа на здравството, на Законот за ментално здравје, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, на Законот за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, на Законот за доброволно здравствено осигурување, на Законот за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина, на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, на Законот за прекинување на бременоста и на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, сите во второ читање.

Единствена точна за разгледување на Комисијата за европски прашања е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи во второ читање, додека пак членовите на Законодавно-правната комисија треба да расправаат по 17 точки од дневниот ред.

Коронавирус