вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност, како и на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедницата се Предлог – одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на РМ за 2017 година, а пред Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог – законот за странци, во второ читање.

Членовите на Законодавно-правната комисија, пак, треба да се изјаснат за предлог законите за изменување и дополнување на законите за лековите и медицинските средства, во прво читање, за вработување инвалидни лица, за странци  и на Законот за енергетика, во второ читање. Комисијата треба да се изјасни и за барања за автентични толкувања, како и да утврди пречистен текст на закониет за инспекцијата на трудот и за минимална плата во Македонија.

Коронавирус