недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство, Комисијата за европски прашања и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за здравство се неколку законски решенија во прво читање како што се предлог-измените на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, Законот за јавно здравје, Законот за безбедност на козметичките производи и Законот за здравствена и санитарна инспекција.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат за Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки, Предлог-законот за лобирање и измените на Законот за квалитетот на амбиенталниот воздух, сите во прво читање.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледа Предлог-измените на Законот за внатрешна пловидба, на Законот за јавна чистота, на Законот за генетски модифицирани организми, на Законот за заштита од бучава во животната средина…

Најнови вести

Локални избори 2021