понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 115
home Вести

Седници на собраниските комисии за култура и за европски прашања

Седници на собраниските комисии за култура и за европски прашања

Јавна расправа за Предлог-националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година ќе се одржи денеска во собраниската Комисија за култура. 

Со стратегијата, која со акциски план претходно беше усвоена на седница на Владата, треба да почнат темелни реформи во областа.

Децентрализација и деметрополизација на културата и пристап до неа за сите граѓани подеднакво, се главните цели на културниот развој планирани за идните пет години.

Во Собранието за денеска е најавена и седница на Комисијата за европски прашања, на која ќе се расправа за Предлог-законот за високо образование, во прво читање. Предложениот закон е со европско знаменце.

– Со овој закон се уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високообразовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите, признавањето на странските високообразовни квалификации и надзорот над работата на високообразовните установисе наведува во предложениот текст на законот.

МИА

Коронавирус