понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 131
home Вести

Седници на собраниските комисии за европски прашања и за образование

Седници на собраниските комисии за европски прашања и за образование

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска по две седници ќе одржат комисиите за европски прашања и за образование, наука и спорт.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија и Предлог на закон за медијација, двата во второ читање. На 26. седница, пак, на Комисијата пратениците треба да се изјаснат за потребата од носење на Предлог на закон за лековите, Предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, сите во прво читање.

Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледа Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, во прво читање, а потоа и предлог на законите за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и
на Законот за Бирото за развој на образованието, исто така во прво читање.

Локални избори 2021