сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 86
home Вести

Седници на шест комисии во Собранието на РМ

Седници на шест комисии во Собранието на РМ

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат шест комсии.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања се предлозите за измени на законите за трговија и за државен пазарен инспекторат, двата во прво читање, Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, во прво читање, а членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја разгледаат Предлог – одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите Нации „УНИФИЛ“ во Либан.

Оваа точка е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија која, исто така, ќе расправа и по предлог-измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и по предлог-законите за приватните агенции за вработување и за поддршка на млади при купување музички инструменти, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледаат предлог-измените и дополнувањата на законите за акцизите и за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, а ќе ги разгледаат и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2017 година, како и предлог-одлуките: за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2018 година, за давање согласност на Годишната програма на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2018 годин и за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2018 година.

Комисијата за култура организира Надзорна расправа на тема „Законот за управување со Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство“.

Коронавирус