вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 129
home Вести

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика.

Пред Комисијата за земјоделство е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вино во прво читање, поднесен од пратеникот Панчо Минов.

Комисијата за труд ќе расправа по Предлог-измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, како и по Предлог-законот за изменување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, двата во прво читање. (МИА)

Коронавирус