недела, 16. мај 2021. Вести денес: 56
home Вести

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија за денеска закажани се седници на Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците и на Комисијата за финансирање и буџет.

На дневен ред на Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на  Законот за судовите, на Законот за Судскиот совет на РМ и на Законот за инспекциски надзор, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет, пак, ќе ги разгледаат измените и дополнувата на Законот за Фондот за осигурување на депозити, на Законот за задолжителни резерви за нафта и нафтени деривати,  на Законот за државната ревизија, на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), на Законот за девизната инспекција, на Законот за Народната банка на РМ, на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, на Законот за Управата за јавни приходи и на Законот за финансиската полиција, сите во второ читање.

На дневен ред на оваа седница меѓу другите точки се и измените и дополнувањата на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за хартии од вредност и на Законот за Централен регистар, во второ читање. 

МИА

Најнови вести

Коронавирус