недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 75
home Вести

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за надворешна политика.

На дневен ред на Комисијата за политички систем се предлог-измените на Законот за лично име, на Законот за лична карта и на Законот за патните исправи, сите во прво читање. Членовите на Комисијата ќе го разгледаат и годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детското престапништво и за состојбите во областа на правата на детето, а ќе се разговара и за формирање на работна група за зајакнување, унапредување и подобрување на соработката меѓу Собранието и Народниот правобранител.

Комисијата за надворешна политика ќе разгледа ратификации со повеќе држави за различни области меѓу кои ратификацијата на Спогодбата со Владата на Србија за взаемно признавање на одобренијата за овластен економски оператор, ратификацијата на Спогодбата со Владата на Литванија за меѓународен превоз во патниот сообраќај и ратификацијата на Договорот со Казахстан за трансфер на осудени лица и екстрадиција.

Коронавирус