петок, 13. декември 2019. Вести денес: 130
home Вести

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На денвен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се предлог законите за изменување и дополнување на Законот градење, и на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, двата по скратена постапка, поднесени од пратеници од владејачките парти. Членовите на Комисијата ќе ги разгледаат и Предлог законот за изменување на Законот за електронско управување и електронски услуги, по скратена постапка, како и Статутарната одлука за изменување на Статутот на Агенцијата за пошти (II фаза).

Единствена точка на дневниот ред на Законодавно-правната комисија е Предлог законот за изменување на Законот за спортот, по скратена постапка, поднесен од пратиници од владејачкото мнозинство.