недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Седници на четири собраниски комисии

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за надворешна политика, за еднакви можности на жените и мажите и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за електронско управување, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе расправаат по предлог-законите за ратификација на Спогодбата меѓу Република Македонија и Република Бугарија за соработка во случај на катастрофи и за ратификација на изменувањата на Протоколот 2 кон Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција.

Овие точки се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

На седницата на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите ќе се одржи јавна расправа на тема „Извештај за напредокот на Република Македонија од страна на Европската комисија за 2018 година, со посебен осврт на делот за родова рамноправност“.

МИА

Најнови вести

Локални избори 2021