вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 126
home Вести

Седници на четири собраниски комисии

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието за денеска се закажани седници на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за образование, наука и спорт, за труд и социјална политика, како и седница на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието, по скратена постапка, во второ читање, на предлог на Талат Џафери, Јован Митрески, Арбер Адеми, Кастриот Реџепи, Сурија Рашиди, Никола Мицевски.

Пред Комисијата за образование, наука и спорт се предложените измени и дополнувања на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и на Законот за Бирото за развој на образованието, двата во прво читање, а пред Комисијата за труд и социјална политика законските измени со кои треба да се овозможи материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници.

На дневен ред на Комитет за односи меѓу заедниците е одбележувањето на 20 годишнината на Охридскиот Рамковен договор.

Најнови вести

Коронавирус