недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Седници на четири собраниски комисии

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за одбрана и за безбедност и за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите. Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика е Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги кон Договорот за изменување и пристапување на Централноевропскиот договор за слободна трговија.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе се изјаснат за Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „ЕUТМ RCA“ во Централна Африканска Република, како и за Предлог-закон за изменување на Законот за приватно обезбедување, во второ читање.

Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите ќе го разгледува Предлог Упатството за начинот и постапката за вршење на надзор над мерките за следење на комуникациите и ќе изврши административна проверка на пријавите од Јавниот повик за ангажирање на двајца технички експерти за постојана поддршка.

Коронавирус