среда, 8. февруари 2023. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Расте бројот на загинати во Турција и Сирија, спасувачите во трка со времето

home Вести

Седница на Владата во 10 часот за пожарот во Тетово

Седница на Владата во 10 часот за пожарот во Тетово

За денес во 10 часот е закажана итна и вонредна седница на Владата за пожарот во кој вчеравечер целосно изгоре ковид центарот во Тетово.

Информацијата ја потврди и премиерот Зоран Заев кој на излегување од зградата на општината во Тетово изјави дека денес ќе заседава Владата.

– Закажавме во 10 часот Влада, изјави Заев, кој не сакаше да соопшти повеќе детали затоа што, како што рече, изјави ќе нема додека надлежните прават увид и работат на утврдување на причините за пожарот.

Синоќа, и од Владата информираа дека во тек е детална истрага за пожарот во кој, според засега официјалните информации, има десет жртви.

– Вечерва во тетовскиот Ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот. Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените, се вели во соопштението од Владата.

Пожарот избувна вечерва околу 21 часот и за кратко време целосно изгоре ковид центарот. Во гаснењето учествуваа над 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила. Пожарот е изгаснат за речиси половина час.

Синоќа во Тетово седница одржа и Итниот кризен штаб на која присуствуваше највисокиот државен врв.