четврток, 1. јуни 2023. Вести денес: 56
Во живо

Мицкоски во општина Конче во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“

home Вести

Седница на Влада во 13 часот

Седница на Влада во 13 часот

Владата денеска во 13 часот ќе ја одржи редовната, 122-ра седница со повеќе точки од својата програма.

Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе биде разгледуван Предлогот на закон за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид+19 врз производството и откупот на земјоделски производи.

На предлог на Министерството за здравство, на денешната редовна седница ќе биде разгледан и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита.