На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје денеска ќе се одржи шестата седница на Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „проф. д-р Љубе Миленковски“-Скопје.
Најавено е на седницата да се обрати и амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија Данијела Баришиќ.
Во функција на имплементирање на иновативните дигитални алатки во наставата по географија, апликативен час ќе одржи најдобриот професор по географија на Балканот Дејан Немчиќ.
МИА