вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Седница на ДИК, мандатот на пратеникот Тунтев на дневен ред

Седница на ДИК, мандатот на пратеникот Тунтев на дневен ред

Државната изборна комисија на денешната седница треба да го разгледа и усвои извештајот за преземените работи согласно членот 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, по известувањето од претседателот на Собранието за престанок на мандатот на пратеникот Томислав Тунтев.

Томислав Тунтев си поднесе оставка како пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. Се очекува оставката на Тунтев да биде констатирана на денешната собраниска седница, а неговото место во пратеничките клупи да го заземе Рубин Земон.

ДИК денеска ќе расправа и за Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2019 година на Државната изборна комисија по програма 20, Финансискиот план за распределба на средства за Изборите за претседател на Република Македонија 2019 година, Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2019 година на Државната изборна комисија по програма 21 – Изборни активности за спроведување на Изборите за претседател на Република Македонија 2019 година и Одлуката за висината на благајничкиот максимум за 2019 година. 

МИА

Коронавирус