сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Вести

Седмиот самит на Македонија 2025 од 7 до 10 ноември

Седмиот самит на Македонија 2025 од 7 до 10 ноември

Од 7-ми до 10-ти ноември, Скопје по седми пат ќе биде домаќин на Самитот Македонија 2025 на кој се споделуваат последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство.

Организаторот очекува над 50 говорници  од кои повеќе од 20-тина веќе го потврдриле своето учество, меѓу кои: Скот Ресник – Извршен Директор на StartingBlock Madison – САД, Максимилијан Ламбертсон од Одделот за истражување на The Economist – Велика Британија, Игор И. Тулевски – Кардиолог и коосновач на кардиолошките центри во Холандија, Кати Ицева – Главен менаџер за софтверско инженерство во Мајкрософт – САД, Љупка Арсова постар инженер за животна средина во Eastern Research Group, Inc.,  САД, Сесилија Херцел – партнер и директор по стратегии во Odyssey AB, Шведска….

Официјалната програма на Самитот ќе биде исполнета со над 20 панел-дискусии и паралелни работилници. Се очекуваат дебати за вредносно лидерство, стратегии за brain gain, светските економски трендови, регионалните инвестиции и економските перспективи. Ќе се зборува и за најдобрите практики во изворите на обновлива енергија, научните паркови и центрите за иновации, а особено внимание ќе биде посветено и на најновите технологии во здравствената грижа.

– Годинава ги славиме филантропијата, лидерството и успехот. Одбележуваме седум години од Самитот Македонија 2025 и 10 години од постоењето на организацијата. Па така, првпат ќе биде организирана и добротворна гала-вечер во чест на Џон Битов постариот, каде ќе бидат претставени успешни стории на тројца талентирани студенти од ранливи категории, кои добија средства од добротворниот фонд на Македонија 2025 и прв пат ќе биде врачена статуетката Џон Битов постариот, наведуваат од Македонија 2025.