четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 6
home Вести

Седат Пекер потврди: Го знам премиерот Заев, сум бил кај него дома (ВИДЕО)

Седат Пекер потврди: Го знам премиерот Заев, сум бил кај него дома (ВИДЕО)

Турскиот криминалец, Седат Пекер, кој по објавување на аферата „Мафија“ беше посочен како еден од многуте кој добил македонски пасош со лажен идентитет, вели дека го познава премиерот Зоран Заев и дека бил кај него дома.

Еден месец претходно Зоран Заев пропушти да каже дали се познава лично со Пекер и дали го примил во својот дом. Напротив, Заев посочуваше дека луѓе од неговата коалиција, а не тој, се среќавале со Пекер „во чаршијата или на други места“.

Најпознатиот турски мафијаш е еден од лицата кои добиле македонски пасош со лажен идентитет во аферата „Мафија“ (акција „Двојник). Откако изби аферата, се појавија голем број на видеа и фотографии кои докажуваат дека Пекер не само што имал македонски документи, туку во Македонија се чуствувал навистина како дома.

Опозицијата јавно прашуваше и дали Седат Пекер бил на средби во зградата на владата?

„Дали зад криењето на Заев се кријат разговори за евентуални бизниси со Седат Пекер и дали во таквите бизниси се спомнува Вице Заев?

Веќе видовме дека Седат Пекер се среќавал со градоначалници и функционери од СДСМ и коалицијата, одел во општините и институциите, и бил приман како голем бизнисмен.

Згора на тоа Пекер бил придружуван од полициско обезбедување и полициски возила, како да се работи за државник од највисок ранг, а не за криминалец баран со потерница’, посочуваа од ВМРО-ДПМНЕ.

ЕУРО 2020

Македонија