четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 194
home Вести

Седат Пекер има дозвола за престој во Косово, му истекува на 29 декември

Седат Пекер има дозвола за престој во Косово, му истекува на 29 декември

Контроверзниот турски бизнисмен Седат Пекер, кој во Турција важи за една од најважните фигури во „мафијашките операции“ од 90-тите години на минатиот век, најде засолниште во Косово и другите земји од Западен Балкан во последните две години, објави Радио Слобидна Европа.

Тој има дозвола за привремен престој во Косово, а неодамна, му беше даден и пасош на Северна Македонија, со лажен идентитет. За време на престојот на Косово, тој се состана неколку пати со некои официјални лица од Косово.

Кој е Седат Пекер?

Во напис објавен во февруари 2019 година, организацијата Нордик монитор го опишува Пекер како најмоќната личност на турската мафија. „Нордик монитор“ е веб-страница за вести и следење на Интернет, водена од мрежата на нордиски истражувања и мониторинг од Стокхолм. Овој медиум опфаќа екстремистички религиозни, идеолошки и етнички движења и радикални групи, со посебен осврт на Турција. Во 1997 година, Пекер беше обвинет за убиство што го наведе да избега во Романија, но неколку месеци подоцна, судот во Турција го ослободи.

Како што објави Би-Би-Си на турски јазик, истрагата за организираниот криминал започната во раните 2000-ти години доведе до апсење на Пекер пет години подоцна. На крајот на судењето, Пекер беше осуден на 14 години затвор. За кривично дело „Формирање на вооружена терористичка група “, но казната му беше намалена и тој беше ослободен во 2014 година. Медиумите јавуваат дека Пекер во минатото имал блиски односи со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ситуацијата неодамна се смени бидејќи Пекер и неговата криминална група се гонат од турските власти за разни криминални активности. Тоа го натера да ја напушти земјата и да побара засолниште во Западен Балкан.

Тој избега од Турција и се засолни по напуштањето на Турција, во последните две години, Пекер наоѓаше засолниште некогаш во Црна Гора, понекогаш во Албанија, понекогаш во Северна Македонија и делумно во Косово, каде сè уште има дозвола за привремен престој која му беше обезбедена во 2014 година. Дозволата за престој му важи до 29 декември 2021 година.

Според Министерството за внатрешни работи на Косово, Пекер последен пат влегол на територијата на Косово на 18 јануари 2021 година и заминал за Албанија по само два дена. Медиумите во Северна Македонија објавија дека Пекер беше уапсен истиот ден за кршење на дозволата за престој и дека бил депортиран на Косово. Во моментов Пекер е во бегство и не се знае каде се наоѓа.

Криминалното минато не ги спречуваше политичарите да се сретнат со него

Криминалното минато не беше пречка за некои политичари од Косово да се сретнат со турскиот бизнисмен Пекер. Фикрим Дамка, лидер на Турската демократска партија во Косово, сега министер за регионален развој, во минатото имал неколку средби со Седат Пакер. Постојат неколку фотографии на Интернет на кои се гледа Пекер придружуван од министерот Дамка.

Радио Слободна Европа го праша министерот Дамка во какво својство остварил средби со Пекер. Дамка исто така беше прашан дали имало други состаноци во следните месеци или години. Министерот Дамка не одговараше на телефонските повици ниту одговараше на испратените пораки.

На една од средбите на турската заедница во Косово што се одржаа меѓу Пекер и Дамка, присуствуваше и тогашниот заменик министер за внатрешни работи на Косово, Јилдирај Бајрам.

Во 2019 година, Пекер ја посети и општината Мамуша, општина во која живеат главно припадници на турската заедница. Тој официјално беше примен од градоначалникот на оваа општина, Абдилхади Красниќи.

Красниќи се согласи да разговара за оваа средба, велејќи дека не знаел кој е што го чекал гостинот во неговата канцеларија.

„Состанокот беше организиран преку некои пријатели. Еден наш пријател, кој сега живее во Турција, беше тука и рече дека сака да ме посети, јас реков добро. Еднаш тој беше во Мамуша и тоа е тоа“, рече Красниќи.

За време на друга посета на Косово, Пекер се состана и со градоначалникот на Хани и Елезит, Руфки Сума.

Турската полиција изврши рација во куќата на Пекер, каде што живеат неговата сопруга и децата. На 12 април 2021 година, РСЛ и пиша на сопругата на Пекер, Зге Пекер, прашувајќи дали знае каде се наоѓа нејзиниот сопруг и фактот дека продолжуваат да имаат активни бизниси на Косово но не добиле одговор.

Пекер е осомничен за добивање пасош на Северна Македонија на 7 април.

Коронавирус