петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Се зголемуваат водостоите на реките

Се зголемуваат водостоите на реките

Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просечните за април, но имаат благо зголемување во однос на вчера.

Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), исклучок се реките Пчиња на мерното место кај Пелинце каде водостојот е повисок за осум сантиметри од просечниот, Вардар кај Демир Капија со ниво повисоко за четири сантиметри од просечното и Струмица кај Ново Село каде водостојот е ист со просечниот за април. Намалување, пак, на нивото во споредба со вчерашното имаат реките Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања и Струмица кај Ново Село.

Водостоите на сите природни езера се исти како вчера, но кај Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просекот за април, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,82 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец.

Коронавирус