петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 164
home Вести

Се зголемуваат редиците пред германската амбасада за аплицирање за работни визи

Се зголемуваат редиците пред германската амбасада за аплицирање за работни визи

Секој ден десетици млади полагаат германски јазик, што е еден од условите за добивање работна виза за лица кои сакаат да заминат за Германија.

„Дипломиран сум рентген техничар. Милам дека таму ќе се снајдам подобро од тука. Кај нас има голема невработеност, особено меѓу дипломирани кадри“, вели една студентка.

„За подобра иднина. Сакам да работам таму. И тука има работа, но не сакам да работам тука, нема добри плати. Затоа одлучив да заминам во Германија. Едноставно, тука нема иднина“, вели Санела Салмани, студентка од Гостивар.

Академик Изет Зеќири вели дека западните земји сакаат да ги земаат дипломираните луѓе од различни области, а со тоа земјата трпи 500 милиони евра годишна штета зашто тоа се пари кои се инвестирани во нивното образование.

„Ова е голема штета за Македонија, бидејќи трошокот на државата за еден ученик до осмо одделение е 10-12 илјади евра. Трошокот за средно образование е од 18-20 илјади евра, трошокот за универзитетски студии во разни области е 35-40 илјади евра, а трошокот за студии по медицината е дури 55 илјади евра“, рече академик Зеќири.

Агенцијата за иселеништво нема точни податоци, бидејќи не се пријавуваат сите кои заминуваат од земјава. Од Заводот за статистика велат дека немаат релевантна бројка на тие што заминале од државата се додека не се спроведе пописот на население. И додека институциите одбиваат да зборуваат за бројки, професорите и наставниците велат дека секоја година се повеќе се намалува бројот на ученици и студенти на универзитетите.

Извор: Алсат

Коронавирус