сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 52
home Вести

Се зголемува листата на незадоволни во редовите на СДСМ, Мери Николова бара вработување за сработеното во кампањата

Се зголемува листата на незадоволни во редовите на СДСМ, Мери Николова бара вработување за сработеното во кампањата

Огромните ветувања на СДСМ во предизборието ги кренаа очекувањата кај гласачите на највисоко ниво, а пропорционално со тоа беше и разочарувањето.

Сепак очекувањата кај неопределените не беа ни приближно големи како оние кај долгогодишните членови на СДСМ, а уште поголемо беше разочарувањето кое тие го доживеаа.

Овие членови покрај ветените реформи, плата од петстотини евра, целосно бесплатно здравство итн. очекуваа и вработувања за себе и своите најблиски.

Сепак ветувањето за добивање работа кај голем дел од нив не се оствари, а меѓу незадоволните има и поранешни високи функционери на СДСМ. Таков е случајот и со Мери Николова која бара вработување поради сработеното во кампањата и нејзините заслуги.

Имено на нејзиниот Фејсбук профил Николова директно го прозива Александар Кирацовски новиот генерален секретар на СДСМ и јавно му бара работа.

-Кога требаше да се работи на терен општинската не преплавуваше со пораки за работа, за протести, за донирање во хуманитарни цели. Сега би сакала да ги прашам:”Кога ќе праќате пораки тие што ви работеа на терен да им понудите работа”? Немате срам? Епа и ние немаме, ќе зборуваме реално и отворено зошто демократијата не бира прашања а вие еден ден ќе зажалите за грешките, мора да ја сносите одговорноста. Александар Кирац кога ќе добиеме одговор? Што е тоа што ние не сработивме повеќе од вас и трошевме сопствени средства? Ќе те прозивам секој ден додека не одговориш а можеш и да ми се јавиш го имаш мојот број, пишува Николова на Фејсбук.

Коронавирус