вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 49
home Вести

Се зголемува бројот на заболени здравствени работници, ќе има ли кој да не лекува?

Се зголемува бројот на заболени здравствени работници, ќе има ли кој да не лекува?

Секојдневно се зголемува бројот на заболени медицински и здравствени работници од КОВИД-19 како последица од немање на соодветна заштитна опрема, а прашањето кое се почесто се поставува е дали ќе има кој да не лекува?

Од Институтот за јавно здравје информираа дека од почетокот на пандемијата до денес позитивни на корона вирусот биле 1527 здравствени работници од кои за жал 12 ја изгубиле битката.

Ако се земе во предвид дека вкупен број на здравствен работници во државата се над 8.000, а бројката на заразени од нив се 1527, што значи дека до сега во Македонија од КОВИД 19, тогаш во државата од почетокот на пандемијата д сега се заразиле над 17 проценти од здравствените проценти.

Слична беше ситуацијата и во месец април, кога Македонија се искачи на врвот по најголем број на заразени медицински и здравствени работници од земјите од регионот.

Изминатиот период се повеќе сме сведоци на информациите кои излегуваат во медиумите со натписи дека се зголемува бројот на медицински и здравствени работници, но и на цели одделенија а како една од причината за заразени е поради лошите услови за работа, но и поради немање на соодветна заштитна опрема при работа.

Изминатиот период медицинскиот персонал не го криеше своето незадоволство за лошиот третман од власта, жалејќи се дека додека се наоѓаат на првата борбена линија со справување од корона вирусот се соочуваат со нечовечки однос па беа приморани од јавното да преминат во приватното здравство, ниски примања, а имаше и такви кои се заканија со штрајк бидејќи власта не им ги исплатила ветените платежни картички на вработените во борба со пандемијата и тоа во вредност од 40 проценти од платата, односно по 20 проценти за два месеца.

Голготата на медицинските сестри и понатаму продолжува и покрај тоа што болничките капацитети се веќе преполни, а зголемениот број на позитивни и починати граѓани не им дава можност на здравствените работници да земаат здив, во време кога државата се соочува со пандемија од невидени размери за здравство Венко Филипче и владата не им ги продолжи договорите за работи на 47 медицински сестри.

Но од друга страна пак, додека во моментот во државата има дефицит од медицински персонал, наместо да се вработуваат здравствени и медицински работници, министерството за здравство објави огласи за вработување во скопските клиники, поточна во Гинеколошко акушерската клиника во моментот се вработува административен персонал.

Македонскиот здравствен систем и така веќе е во лоша состојба, од ден на ден драстично расте бројот на ново инфицирани и починати лица, а од почетокот на месец ноември до вчера во Македонија бројката достигнува околу 10.000 заболени и дури 192 починати.

Но, како растат бројките на ново заболени и починати од корона вирус, така расте и загриженоста на граѓаните, прашувајќи се дали воопшто ќе има кој да им укаже лекарска помош со оглед на фактот здравствениот систем е пред целосен крах, а медицинските и здравствените лица и покрај тоа што го даваат последниот здив се преморени и губат сила во борбата со справување со пандемијата.

Се појасно е дека власта и министерот Филипче немаат решение ниту за овој горчлив проблем со кои се соочуваат не само граѓаните, туку и здравствените и медицински лица.

Коронавирус